НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Третата војна на Москва во Европа против демократијата

0
By Ivana on March 4, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Украина, Русија и руската воена машинаерија ја води третата војна против демократијата во Европа. Првите две се уште одекнуваат по улиците на Будимпешта и Прага како тешка траума која две нации отргна насилно од нивните аспирации да живеат во мир и слобода.

Првата војна официјална Москва ја поведе на 4 Ноември 1956 година кога на улицте на Будимпешта рано  изутрината на 4 Ноември, 1956 година во градот влегуваа илијадници руски војници и стотици оклопни возила. Интервецијата на руската армија уследи по протестите на студентите на 29 Октомври истата година со кои беа истакнати 16 барања до тогашната комунистичка власт. Меѓу нив, право на слобода на избори, слобода на изразување, либерализација на економијата и повлекување на Варшавскиот пакт. Студетите добиваат голема подршка на целата територија на Унгарија по што доаѓа до промени во стурктурата на комунистичката хиерархија. Либералните сили во партијата предводени од Имре Наѓ ја превземаат власта. Имре Наѓ станува премиер и една од првите одлуки е напуштање на Варшавскиот пакт. Веднаш потоа Москва ги испраќа своите воени сили во брутална пресметка со унгарските либерали. Од 4 до 10 Ноември колку што трае воената операција убиени се оолу 3000 Унгарци, 200.000 се раселни, а десетици членови на Комунистичката партија со либерални тенденци се линчувани, некои и јавно а потоа и стрелани. Имре Наѓ е исто така убиен. Со ова е задушен првиот обид во источна  Европа за олабавување на стегите на сталинизмот.

Втората војна против демократија во Европа официјална Москва ја направи во тогашна Чехословачка која 12 години по Унгарците се обиде да побара излез од дехуманизираните лавиритни на комунизмот и тоталитаризмот. Овој период во Чешка и Словачка денеска се памети како Прашка пролет. Обидите за олабавување на сталинистичките тесни рамки започна на 5 јануари 1968 година со доаѓањето на чело на Комунистичката партија на Александар Дупчек. Овој прогресивен член на Комунистичката партија најавил реформи со цел да се обезбедат повеќе права за граѓаните, делумна децентрализација на економијата, слобода на медумите, слобода на изразувањето и право за граѓаните на слободно движење. Летото истата година постепено започнала имплеметацијата на овие реформи што официјална Москва ги препознала како изневерување на комунистичката идеологија. Без никаква најава на 20 авгут 1956 во Прага упаѓаат околу 200.000 војници од СССР, Бугарија, Полска и Унгарија предвоедни од рускиот генералштаб. Операцијата под кодно име Дунав трае неполни четири часа. Убиени се стотина Чеси и Словаци. Александар Дупчек го повикува народот да не се спротиставува. Веќе на 21 се инсталира власт лојална на Москва. Дупчек е испратен во село и работи како шумар.

Ови два настана во срцето на Европа денска се славаат како зародиш на демократизацијата на источниот дел од континетот. Александар Дупчек по падот на Железната завеса станува претседател на Собранието на тогаш се уште Чехословачка, а неговиот соборец и пријател Вацлав Хавел е избран за претседател. Едиот Словак другиот Чех во сосема мирен процес ја разделија Чешка и Словачка по што овие две држави до денска имаат пријателски односи.

Имре Наѓ во Унгарија и цела источна Европа се слави како херој на своето време кој го дал животот за слободата на својот народ.

Овие победи на Москва траат до 1989 кога целата Московска империја почна да се руши како кула од карти.

Во тек е третата војна на Москва против демократски избрана власт во Украина. Победикот не е познат. Искуствата од историјата укажуаат на тоа дека воена сила каква и да е нема моќ да наметне трајно решение спротвино на волјата на народот.

Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.