НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески панелист на Копаоник бизнис форум

0
By Ivana on March 7, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регионалната соработка и во сложените светски економски случувања, останува основен предуслов за економски развој на земјите од Западен Балкан

Копаоник бизнис форум годинава се одржува од 6 до 9 март под слоганот – „Србија 2030: Агенда за одржлив развој“, поаѓајќи од фактот дека Србија учествуваше во изготвувањето на Агендата за 2030 година, која беше усвоена во Собранието на ОН, и дека заедно со другите земји потписнички се обврза да ги исполни дефинираните цели.На 29. Копаоник бизнис форум, во четири последователни дена ќе се реализираат  триесет и три (33) панели, со 200 панелисти, а предвидени се 8 пленарни говори на кој ќе се дебатира за тековни и стратешки теми од значење за економскиот развој на Западен Балкан.

Иако бројот на учесници оваа година е намален поради почитување на сите епидемиолошки мерки, Балканскиот Давос, на едно место собира многу интересни панелисти кои ќе се обидат да дадат одговори на најважните економски и социјални предизвици со кои се соочува економијата и бизнисот на патот кон одржлив развој. Покрај макроекономските анализи и прогнозите за 2022 година за регионот на Западен Балкан, Форумот ќе се фокусира и на панели посветени на анализата на јавниот здравствен сектор и влијанието на СОВИД-19 врз одржливото финансирање на здравјето во Србија. Како продолжение на претходните Форуми, оваа година ќе се занимаваме со „борбата за таленти“, четвртата индустриска револуција и предизвиците на дигиталната трансформација, геополитичките прашања за Западен Балкан, важноста на регионалната соработка за одржлив раст и развој, енергијата и зелена транзиција, земјоделска одржливост, земјоделство, но и на пост-визијата на новата нормалност..

На панелот со наслов „Регионалната соработка како предуслов за одржлив раст“ на 29. Копаоник Бизнис форум ќе учествува и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум, заедно со престедателите на Коморите од регионот на Западен Балкан. Важноста на регионалниот економски развој ќе биде тема и на повеќе други панел дискусии на кои ќе се говори и за прогнозите за економските трендови за Западен Балкан во услови на се`уште актуелна светска криза предизвикана од корона вирусот но и ефектите од енергетската и финансиската криза кои следуваа, како и најновите случувања во Украина.

Во рамки на регионалниот економски развој Коморскиот инвестициски форум се повеќе ја зацврстува клучната улога во овој процес, насочувајќи ги активностите кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот, поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, што прегу воспоставување заеднички регионален пазар ќе значи намалување на трошоците, поедноставување на преку граничниот бизнис во сите аспекти, но и заедничко освојување на пазарот во трети земји.

Копаоник бизнис форум е организиран од Алијансата на економисти на Србија под директно водство на претседателот на српското здружение на економисти Александар Влаховиќ, во партнерство со Мастеркард. Претставува интерактивна платформа за размена на мислења и искуства, како и место за средби и деловно вмрежување на компании од регионот на Западен Балкан, реномирани експерти и еминентни имиња на домашната и регионалната економска и политичка сцена.

Организацијата, големината и обемот и на овогодинешниот настан, распоредот и структурата на панелите (вкупно 33 планирани за 4 дена), ќе бидат прилагодени на преовладувачката епидемиолошка состојба со целосно почитување на најстрогите мерки на здравје и безбедност, за да се обезбеди максимална безбедност на гостите, учесниците и организаторите во согласност со актуелната епидемиолошка состојба, што е висок приоритет на Здружението на економисти на Србија и цели да го оправда угледот на најважниот и најважниот регионален собир на деловната, економската и политичката елита.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.