Силно ве охрабрувам да продолжите да создавате од едно – две. Продолжете да креирате производи со додадена вредност и на тој начин да ги јакнете земјоделските стопанства, но и регионите во кои работите и живеете. Заедно, да продолжиме понатаму да дејствуваме. Нашата цел е да ја видиме руралната жена почитувана и силна, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Николовски истакна дека денешниот настан е токму во таа насока – остварување на уште едно право на руралните жени, на правото на користење платено родителско отсуство и боледување.
-Ова право е наменето за сите регистрирани земјоделци и јас во мое лично име и во името на МЗШВ давам силна поддршка да се изнајде правен механизам и конечно вистински да ја заштитиме оваа категорија граѓани. Тоа се луѓето кои ја обезбедуваат нашата храна. Тоа се жените од руралните средини кои со своите раце ги произведувааат најубавите специјалитети, традиционални локални и регинални производи, жените кои развиваат нови производи, нови брендови и нова додадена вредност во македонската економија. Да не заборивме дека тоа се луѓето кои немаат работно време, за нив денот трае од утро до мрак. Навистина, создадени се сите услови конечно да ги остварат своите права кои ги имаат сите останати работници, право на одмор, боледување и платено родителско отсуство, потенцира министерот и изрази надеж дека наскоро ќе бидат промовирани и донесените законски решенија со кои, нагласи, максимално ќе се подобри социјалниот и економскиот статус на земјоделците.
Како што најави Николовски, продолжуваат заложбите жените земјоделки и сите земјоделци од земјава да го добијат заслуженото место во општеството.
Утре, на владина седница, ќе биде донесена и новата Програма за рурален развој со која стопроцентно се зголемува поддршката за руралните жени, од 3 000 на 6 000 евра, а се работи и на две нови програми за подршка на земјоделските стопанства во кои ќе се вклопат и руралните жени.
Според него, жените покажаа дека знаат како секој денар вложен во нив, да го вратат двојно во општеството. Има одлични примери на терен како се средствата и поддршката искористени.
-Жените кои добија неповратен грант од Платежната агенција, веќе создаваат финални производи – дел произведуваат мед, џемови, пчелини производи, произведуваат сточна храна, доматно пире, произведуваат квалитено домашно сирење и кашкавал, сушат овошја и зеленчук кои сами го произведуваат, преработуваат месо – со еден збор, овие 250 жени веќе создаваат финални производи и директно влијаат на локалната економија, на равојот на нивните рурални средини, а дел размислуваат и за зголемување на капацитетите. Овие жени со помош на грантот од Платежната агенција директно влијаат на економскиот раст, на рамномерниот регионален развој, рече министерот.
Услов за жените кои сакаат да добијат поддршка преку мерката 115, е земјоделското стопанство со кое аплицираат да е впишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и согласно Законот за рурален развој.
Корисници на оваа мерка може да бидат индивидуални земјоделки носителки на земјоделско стопанство и вршител на дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност, индивидуалнни земјоделки – носителки на семејно земјоделско стопанство кое се стекнало со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување, како и индивидуални земјоделки – носителки на земјоделско стопанство кое се занимава со земјоделство како дополнителна дејност. Право на аплицирање имаат и правни лица: трговски друштва регистрирани согласно Законот за трговски друштва и трговци поединци регистрирани согласно Законот за трговски друштва
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска смета дека прашањето за фундаменталното право на родителско отстуство и боледување за регистрираните земјоделки е исклучително важно за заеднички да се иницираат решенија во насока на почитување на принципите на владеење на правото, на еднаквост, недискриминација и остварување на концептот на социјална правда.
-Вакви средби и настани се потребни затоа што само на таков начин преку отворен дијалог и дебата преку транспарентен начин на работа може да се дојде доо решенија за сите, решенија со кои се решаваат горливи прашања особено за жените земјодејли, рече Тречевска на презентацијата на Анализата.
Според потатоците кои ги има во земјава, како што истакна Тренчевска, 87 проценти од вкупната територија се рурални средини, а речиси 45 проценти од вкупното население живее во нив. Ова, нагласи таа, треба да е дополнителнен мотив да се обрати поголемо внимание на жената во овие подрачја.
-Според истражувањата во руралините средини само околу 4 проценти жени се сопственички на имот или куќа наспроти 96 проценти сопственици мажи, а само 12 отсто се сопственички на земјиште наспроти 88 проценти сопственици мажи. Само 10 проценти од жените носат одлуки поврзани за земјиштето, додека 50 отсто од жените кои се сопственички на земјиште не се активни во процсот на носење одлуки, рече Тренчевска.
Сетоа ова според неа, укажува на потребата од поддршка на државата за јакнење на жените од руралните средини, поддршка за остварувањето на нивните права, но и за поголемо вклучување на пазарот на труд.