Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кнаус: ЕУ треба годинава да ги почне преговорите со сите земји од Западен Балкан

0
By Biljana on March 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2022 21:47

Европската Унија треба да прати позитивна визија за регионот.

„Визија каде што ќе каже дека сите шест земји може да станат дел од оваа зона на стабилноста, во наредните пет години. И дека ние ќе ги започнеме преговорите со сите шест оваа година’, изјави вечерва Гералд Кнаус, директор на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ), коментирајќи што треба Унијата да направи за Балканот во оваа ситуација со Украина.

Кнаус во интервју за Телма вели дека ако се земе предвид дека целосно членство во наредните пет години е невозможно за овие шест земји, затоа што нема согласност за ова во ЕУ, тогаш барем Унијата да им овозможи на оние кои напорно работат, да му се приклучат на единствениот пазар, четирите слободи, да нема граници меѓу Европа и земјите од Балкнот.

„Тоа ќе биде доволно да ја направи војната незамислива. Ова треба да биде објавено сега. Тогаш лидерите во регионот ќе имаат избор. Дали ќе се заложат за ова или пак, како што некои сега седат на страна, повторно ќе си играат со национализмот од минатото“, оцени Кнаус.

Во однос на перспективата на Северна Македонија и повторувањето на амбасадорите на ЕУ дека земјава прво треба да го реши спорот со Бугарија, па да почне преговори, Кнаус вели дека Унијата постојано се движи во круг.

„Ова е тоа што јас го нарекувам самозадоволни, празни фрази на политиката на ЕУ која е пропадната. Постојано се движиме во круг. Велиме треба да го решите проблемот со Грција. Потоа треба да го решите проблемот Франција, а сега треба да го решавате проблемот со Бугарија. Потоа, кога ќе ги решите сите овие проблеми, ќе може да ги почнете преговорите кои на пример со Турција започнаа во 2005 година. А каде е Турција денес? Ова не е кредибилен предлог. Ако сега ги започнете преговорите нема да се придружите во ЕУ. Зошто луѓето не се искрени? Во моментов ниту една земја која ги почна преговорите по Турција, сега не е поблиску до членството во ЕУ. Затоа кажувањето дека сега е Бугарија и треба да го решите тој проблем, не води до тоа што е всушност проблемот. На пример, Албанија да преговара. Кој ја запира Албанија? ЕУ ја запира Албанија. Кој ја запира Црна Гора, која ги отвори сите поглавја, зошто не е членка?“, истакна Кнаус.

Според него проблемот е во ЕУ и процесот којшто не функционира.

„Мислам дека проблемот стои веќе многу години. Овие игри, кога луѓето доаѓаат во регионот и велат, ние сме ваши пријатели, вие имате европска перспектива и потоа ќе се завртат и луѓето од Брисел велат да, но таа перспектива е дури за 50 години“, рече тој.

Во однос на иницијативите за брз старт на преговори со Молдавија, Грузија и Украина, Кнаус вели дека тоа не е искрено од ЕУ, затоа што Брисел нема политика за Молдавија, Грузија и Украина.

Гералд Кнаус ЕУ ЕУ перспективи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.