НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руската православна црква тврди дека геј парадите биле дел од причината за војната со Украина

0
By Соња Крамарска on March 8, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Московскиот патријарх Кирил, долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, вели дека конфликтот во Донбас е поради „фундаментално отфрлање на таканаречените вредности што денес ги нудат оние кои тврдат дека имаат светска моќ“.

„Тестот“ на која страна сте, рече Кирил, е дали вашата земја е подготвена да одржува геј паради на гордоста.

„За да се влезе во клубот на тие земји, неопходно е да се одржи геј парада. Не да дадете политичка изјава, „ние сме со вас“, не да се потпишуваат договори, туку да се одржи геј парада. И знаеме дека луѓето кои што се спротивставуваат на овие барања се изложени на притисок и сила“, рече Кирил за време на проповедта во Москва.

Кирил ја категоризирал војната како борба од „метафизичко значење“, за човештвото да ги следи Божјите закони.

„Ова што се случува денес во сферата на меѓународните односи нема само политичко значење. Зборуваме за нешто поинакво и многу поважно од политиката. Зборуваме за човечко спасение“, рече тој.

„Ако видиме прекршување на божјиот закон, никогаш нема да ги трпиме оние кои го уништуваат овој закон, замаглувајќи ја границата помеѓу светоста и гревот, а уште повеќе оние кои го промовираат гревот како пример или како еден од моделите на човечкото однесување“, рече Кирил.

„Околу оваа тема денес има вистинска војна“, рече тој.

Патријархот Кирил е голема религиозна личност во Русија, каде што руската православна религија се смета за составен дел на рускиот идентитет. Тој беше под притисок од својата црква од почетокот на војната да ја осуди агресијата на Путин, но неговите досегашни јавни изјави не успеаја да го направат тоа. Напротив, јазикот на Кирил ѝ даде поддршка на визијата на Путин за духовна и безвременска руска империја.

геј паради Руски патријарх Кирил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.