Американскиот претседател Џо Бајден, се очекува денеска да објави дека го прекинува увозот на нафта од Русија, јавуваат тамошните медиуми.
Европската Унија во меѓувреме не постигна целосен консензус за ова прашање. Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта кои би биле долгорочни.
-Во случај на ембарго, зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа.Не зборуваме за краткорочни скокови на цените, туку за постојано високи цени на фосилните горива. Мислам дека секој треба да замисли што всушност значи тоа.
Германскиот министер за економија вели дека во тој случај не би се работело само за „штедење на светилки”, туку и за банкротства на бројни компании и за зголемување на невработеноста.
-И тоа треба да се издржи. Не зборуваме за три дена или три недели, туку, да речеме, за три години, рече германскиот министер за економија. И тоа треба да се издржи. Не зборуваме за три дена или три недели, туку за три години. САД увезуваат само 7,5 отсто од нафтата од Русија, додека во Германија зборуваме за 35 отсто. Ситуацијата не може да се споредува“ изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Си-Ен-Ен објави графикон во кој се поредени европските земји кои зависат од увозот на рускиот гас и нафта, меѓу кои е и Северна Македонија.

(М.Т.)