НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oколу 3.500 цивили евакуирани од украински град Суми, 27 цивили се убиени во Харков

0
By Ivana on March 9, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси 3.500 цивили се евакуирани денеска од северниот украински град Суми за време на прекинот на огнот, а 27 цивили се убиени во Харков, соопштија локалните власти.

Речиси 1.700 од 3.500 евакуирани се странски студенти кои студираат на универзитетите во Суми, соопшти регионалниот гувернер Дмитро Живицки, додавајќи дека прекинот на огнот еднаш бил прекршен со пукање кај контролен пункт.

Најмалку 27 цивили се убиени во руските напади врз источниот украински град Харков во последните 24 часа, соопшти денеска полицискиот функционер Серхи Болвинов.

Вкупно 170 луѓе се убиени во регионот Харков од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, меѓу кои и пет деца, информира Болвинов на интернет.

Украинските сили денеска ги одбија обидите на руските сили да влезат во Харков и спречија планирана акција на 120 руски падобранци во близина на границата, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов.

Падобранците се спуштиле во близина на украинскиот пограничен град Вовчанск, на околу 50 километри североисточно од Харков, но биле поразени од украинските сили, рече тој. Што се однесува до Мариупол, американски извори велат дека тој е опколен од руски сили, но оти тие наводно не влегле во градот.

Украинските власти соопштија дека денеска уште еднаш не успеале да евакуираат цивили од Мариупол. Вицепремиерката Ирина Верешук ја опиша ситуацијата во опколениот град како „катастрофална“. Хуманитарните коридори од Мариупол кои би воделе кон Русија или Белорусија се неприфатливи, нагласи таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.