Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од утре до 14 март ќе се одбележува 79 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка

0
By Mirjana on March 9, 2022 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 9, 2022 15:02

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија од 10 до 14 март 2022 година одбележуваат 79 години од холокаустот на македонските Евреи. На 11 март 1943 година, 7144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот на смртта Треблинка, што претставува и еден од највисоките проценти на депортирани Евреи во светот.

Програмата опфаќа комеморативни активности во Битола, Штип и Скопје., кои ќе се одржат утре.

Централните активности ќе се одржат во Скопје на 10 и 11 март. На 10 март, во 19:30 часот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се одржи комеморативна вечер на која покрај претседателот на Еврејската заедница во РМ ќе се обрати и Претседателот на Република Северна Македонија, Амбасадорот на Државата Израел Н.Е Симона Франкел и Амбасадорот на Соединетите Американски Држави Н.Е Кејт Мери Брнс. Преку видео врска ќе се обрати и Директорот за меѓународни еврејски работи во Американскиот Еврејски Комитет и Претседател на Меѓународниот советодавен совет на ФХЕМ, г-ин Ендру Бејкер.

На комеморативната вечер ќе настапи и гудачко трио со комеморативна музичка програма,а потоа ќе се отвори изложбата „Живот“- посветена на преживеаните Евреи кои ја возобновија заедницата, Евреи кои дадоа придонес во градењето на новата повоена држава. Евреи кои го продолжија животот во заедницата!

На 11 март во 10:00ч.делегации од Еврејската заедница, претставници на Владата на Република Северна Македонија, дипломатскиот кор, невладиниот сектор, пријатели на заедницата и граѓани ќе положат цвеќиња пред Споменикот на 7144 македонски Евреи, Imperial Tobacco TKS, бившиот скопски Монопол, којшто бил привремен концентрационен логор,во 11:30 пред Споменикот на депортираните Евреи и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ на Градски гробишта Бутел – Скопје.

Централните комеморативни активности  за 11 Март ќе завршат со прием во градското Собрание кај градоначалникот Данела Арсова во 12:30ч.

Комеморативните активности продолжуваат и на 14 Март Амбасадата на Италија во соработка со ЕЗРМ подготвуваат комеморативен интерактивен настан, (онлине) на кој ќе се обрати режисерот на филмот “ Un cielo stellato sopra il ghetto di Roma“ (Ѕвезденото небо над гетото во Рим) – Giulio Base. Филмот ќе биде достапен за гледање од 9-14 Март о.г  во Кинотека Македонија.

 

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГОДИШНИНА ОД ХОЛОКАУСТОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.