НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бербок: Денешниот мир на Западен Балкан можеби не е совршен, но е скапоцен

0
By Ivana on March 10, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нападот на Русија врз Украина е пресвртница која јасно покажува дека Европа мора да биде подготвена стратешки да инвестира во нејзината долгорочна безбедност, а тоа особено важи за односите со Западен Балкан, нагласи германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Во изјавата таа истакна дека денешниот мир на Западен Балкан можеби не е совршен, но е скапоцен.

„Мораме отворено да кажеме дека во последните години разочаравме и запоставивме многу од тие земји. Актерите како Русија притискаат на оваа отворена страна, кои немаат интерес за европската иднина и не се двоумат повторно да ги разгорат нерешените конфликти. Сега патувам првенствено во Западен Балкан за да слушнам што луѓето таму очекуваат од нас сега, но и да им објаснам дека нема да го оставиме тој регион во срцето на Европа на влијанието на Москва“; рече Бурбок.

Таа посочи дека Европа во последните денови покажа дека е ефикасна и решена да се спротивстави на агресивните постапки на рускиот претседател. Сега, смета таа, неопходно е Европа да покаже дека е подготвена со истата енергија да се вклучи на креативен и ориентиран кон иднината во земјите од европското соседство.

„Луѓето во регионот ќе не мерат по тоа дали нашите зборови се проследени со дела. Германија има суштински интерес за политички стабилен и економски просперитетен Западен Балкан, чии земји се ориентирани кон Европа. За тоа ќе се залагаме и на претстојните политички разговори, како и во стратешките инвестиции, пред се во обновливите извори на енергија“ рече Бурбок.

Бербок вели дека сака да се соочи со германскиот приоритет, а тоа е Западен Балкан. Затоа германската влада создаде нова функција на специјален пратеник за Западен Балкан.

Бербок денеска ќе допатува во посета на Сараево и Приштина.

Бербок во Сараево ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ. По тој состанок е закажана заедничка прес-конференција.

Посетата на Сараево таа ќе ја заврши со разговори со високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Потоа ќе отпатува во Приштина, каде што е предвидена средба со косовската претседателка Вјоса Османи.

Германската мионистерка ќе се сретне и со премиерот на Косово, Албин Курти, по што ќе одржи заедничка прес-конференција. На крајот од посетата на Приштина, Бербок ќе оствари средба со претставници на КФОР и германски војници од таа мировна мисија.

Бербок на вториот ден од посетата на Западен Балкан ќе го посети Белград, а потоа ќе отпатува за Молдавија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.