Турција денеска е домаќин на највисокиот состанок помеѓу Русија и Украина од почетокот на руската инвазија, која влезе во третата недела, додека продолжуваат бомбардирањата на цивилните цели и жестоките борби.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров во Анталија, но признава дека очекувањата се ограниечени.
„Да бидам искрен, моите очекувања од овие разговори се многу мали. Ние бараме моментален прекин на непријателствата помеѓу Русија и Украина“, изјави Кулеба.
Министерот Чавушоглу и украинскиот министер за надворешни работи Кулеба се сретнаа пред трилатералната средба. Министерот Чавушоглу ја објави средбата на својот профил на социјалните мрежи.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе се сретне со руските и украинските колеги во 11:00 часот на Форумот за дипломатија во Анталија во трипартитен формат. Под строги безбедносни мерки во раните утрински часови во салата беа однесени 334 локални и странски новинари кои ќе го следат самитот.
Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека главните задачи на шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба на средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров се решавање на три клучни прашања: прекин на огнот, подобрување на хуманитарната ситуација во градовите и повлекување на Руската армија.
По средбата во трилатерален формат, Кулеба и Лавров ќе дадат изјави за печатот во посебни прес-сали наменети за секоја од земјите.
Украинската војска утрово кажа дека напредувањето на руските сили во делови од земјата е забавено, вклучувајќи и кон Киев.
Симнете ја моби