НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Средбата Кулеба – Лавров без договор за прекин на огнот во Украина

0
By Ivana on March 10, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба, но без договор за прекин на огнот во Украина. Според шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, за време на 90-минутната средба во Анталија со рускиот колега  разговарал за 24-часовен прекин на огнот, но не е постигнат напредок.

Кулеба во изјава за медиумите рече дека преговорите со Лавров оделе тешко, а разговарале и за хуманитарните коридори и прекин на огнот, но договор не е постигнат.

Според него, на состанокот се зборувало и за можноста да се воведе 24-часовен прекин на огнот, но не дошло до договор.

Лавров по денешната средба изјавил дека овие преговори немаат алтернатива, додавајќи дека Украина веќе го разгледува рускиот предлог за прекин на војната и дека ќе достави одговор.

Зборувајќи за руската страна, тој рече дека приказната за хуманитарните коридори се уште е „на маса“, и да се разговара кои патишта се најбезбедни.

– За време на последната рунда разговори руската страна излезе со конкретни предлози, а украинската не увери дека ќе даде конкретен одговор. Сакаме сериозно да разговараме за работите, рече Лавров.

На прашањето за евентуална средба меѓу Путин и Зеленски, Лавров рече дека не е поентата само да се одржи средба, туку и да се изнајде решение.

– Да се потсетиме на средбата во Париз во 2018 година, кога не беа испочитувани условите. Која е поентата повторно да се среќаваат ако договорите не се почитуваат, нагласи Лавров.

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина денеска во Анталија ги одржаа првите разговори на високо ниво меѓу двете земји, откако Москва го нападна својот сосед, при што Анкара се надева дека тие би можеле да означат пресвртница за конфликтот.

https://www.youtube.com/watch?v=PmqKGewaOHg&t=2s

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.