Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како да се заштити симболот на Илинденското востание во Крушево: Полски експерти подготвуваат проект

0
By Biljana on March 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 13, 2022 14:10

Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот“ во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“, обновата на витражите се покажа како комплициран проблем, којшто бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори.

-Обновата на „Македониумот“ во Крушево е со подолга историја. Работите беа почнати уште пред 2017 година. Проектот е обемен и е речиси во завршна фаза. За обнова ги опфаќа: бетонскиот, витрашниот, керамичкиот  кај Анфитеатарот пред споменикот. Ние дури донесовме и стручни лица од Полска, преку наш соработник. Тие многу темелно ја испитаа состојбата на витражите и можноста за нивна обнова. Ќе бидат вклучени во изработката на проектот. Ние ќе направиме радикални промени, зашто, оној, многу битниот, витражниот дел, е во многу лоша состојба. Со проектот е предвидена поголема сума пари и сакаме да направиме нешто што ќе трае 100, 200, па и повеќе години, изјавува Атанасоски.

Досега во Македониумот е направен подот, поставен е индустриски под, со што е решен тој проблем. Годинава, Прилепскиот музеј ќе работи на санирањето на бетонскиот дел од Споменикот, кој прокиснува.

-За годинава имаме одобрени два милиона денари и ќе работиме на бетонскиот дел, мора да распишеме и тендер и фирма да го заштити со најсоодветни материјали за да се стопираат прокиснувањето и влагата, вели Атанасоски.

Споменикот „Илинден“ е дело на уметниците Јордан и Искра Грабулоски. Во употреба е од 2 август 1974 година.

Крушево Споменик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.