Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Водителката на британскиот оскар „БАФТА“ му покажа среден прст на Путин

0
By Соња Крамарска on March 14, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 14, 2022 14:53

Актуелната инвазија над Украина не го засени синоќешното 75-то доделување на филмските награди на Британската академија (БАФТА) чии организатори искажаа зборови на поддршка за украинскиот народ, а водителката му покажа среден прст на рускиот претседател Владимир Путин.

Многу од учесниците пристигнаа во лондонската Ројал Алберт Хол во темна боја облека во согласност со мрачното расположение од војната во Украина.

Оние ѕвезди кои директно се осврнаа на инвазијата најчесто го правеа тоа користејќи сини и жолти панделки, како што носеа британската актерка Џесика Пламер и 13-годишниот Вуди Норман, кои се појавија покрај Хоакин Феникс во „C’mon C’mon“.

Бенедикт Камбербач, чиј филм „Моќта на кучето“ беше прогласен за најдобар филм, во меѓувреме пристигна со игла со знамето на Украина на реверот пред да изјави за британската Скај њуз дека се надева дека ќе помогне да се сместат бегалците од конфликтот.

Актерката од „Војна на ѕвездите“ Дејзи Ридли и кандидатката за најдобра споредна женска улога Каитриона Балф — облечени во Вивиен Вествуд и Армани Приве – беа меѓу неколкуте високи гости кои носеа црни тоалети во знак на почит и поддршка за страдањето на украинскиот народ. Ним им се придружи и Наоми Кембел, која носеше црн фустан од Барбери.

Импресионираа и британската манекенка Адвоа Абоа, облечена во фустан без прерамки од Сен Лоран и ѕвездата од „Stranger Things“, Мили Боби Браун, која носеше прилагодена тантела и кадифена тоалета на Луј Витон со драматичен вез.

Лејди Гага, исто така, воодушеви во темните нијанси на црвениот тепих во елегантен смарагден фустан на Ралф Лорен за чија изработка беа потребни повеќе од 150 часа и 50 метри кадифе и свилен тафт. Пејачката и актерка од „Куќата на Гучи“, која беше номинирана за наградата за најдобра актерка, го комплетираше изгледот со накит од Тифани и Ко.

Некои познати личности беа поразиграни со изборот на облека и покрај сериозниот тон. Фустанот на Ема Вотсон, Оскар де ла Рента, имаше повеќеслојно здолниште од тул; Даниел Калуја носеше мантил од Прада со темна тегет облога и ракави, а Флоренс Пју пристигна со огромна розова машна која излегуваше од задниот дел на нејзиниот мини фустан Каролина Херера со долги ракави.

Церемонијата беше со тема Џејмс Бонд по повод одбележувањето на 60 години од филмската франшиза, при што многу мажи се одлучија за смокинг во стилот на најпознатиот британски шпион, вклучувајќи ги Том Хидлстон и режисерот на „Белфаст“ Кенет Брана.

(преземено од Си-Ен-Ен)

 

 

БАФТА 2022 облека
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.