Заменикот-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во изјава за подгорички „Вијести“ апелира до земјите од Западен Балкан да го повикале рускиот претседател Путин на одговорност, поради неговите одлуки со кои предизвикал нехумано страдање на украинскиот народ.
– Ако Путин предизвика хуманитарна катастрофа која се зголемува во делот на цивилни жртви, на народ кој религиозно му е близок и исповеда православна вера, мора да се запрашате што е уште Путин спремен да направи на други места вклучително и на Западен Балкан, изјавил Ескобар.
Тој ова го кажал во контекст на оценка на Резолуцијата на Европскиот парламент која беше донесена минатата недела а во која , како што пренесува „ Вијести“ се изразува „загриженост поради обидот на Православната црква во земји како, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, да ја промовира Русија како заштитник на традиционалните семејни вредности и да ги зајакне односите меѓу државата и црквата”.