Трудницата која беше повредена кога во средата беше бомбардирано породилиштето во украинскиот град Мариупол, почина заедно со нејзиното новороденче, потврди денеска хирургот кој ја лекуваше, пренесе Си-Ен-Ен.
Хирургот Тимур Марин за украинската телевизија од Мариупол изјави: „Додека таа беше реанимирана и се преземаа мерките против шок, направивме царски рез и го извадивме детето без знаци на живот. Реанимацијата на детето траеше повеќе од половина час но безуспешно. Реанимацијата на мајката исто така траеше половина час или повеќе но и таа не даде никакви резултати.Починаа и мајката и детето.”
Минатата недела ширум светот беше прикажана слика на Асошиетед прес на работници за итни случаи кои ја носат повредената жена на носилки пред бомбардираната болница, вклучително и Си-Ен-Ен.