Руската православна црква во Амстердам објави дека ќе се раздели од Московската патријаршија, што е прв познат пример на црква со седиште во западна земја да ги прекина врските поради инвазијата на Украина.
„Свештенството едногласно објави дека веќе не е возможно да функционираат во рамките на Московската патријаршија и да обезбедуваат духовно безбедна средина за нашите верници. Оваа одлука е исклучително болна и тешка за сите засегнати”, се вели во соопштението на свештенството објавено на нивната веб-страница
Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, доверлив сојузник на Владимир Путин, одби да ја осуди одлуката на Кремљ да го нападне својот сосед, нарекувајќи ги руските противници во Украина како „зли сили“.
Во неделната проповед минатата недела, тој исто така рече дека парадите на геј гордоста организирани на запад биле дел од причината за војната во Украина. Во соопштението се вели дека руската православна парохија на Свети Николај Мира побарала од рускиот архиепископ на холандската епархија, со седиште во Хаг, да и одобри на црквата „канонско разрешување“.