Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) денеска соопшти дека на 16 март ќе донесе пресуда за тужбата на Украина против Русија.
На сослушувањата пред судот на ОН во Хаг се појави само украинската делегација, додека руската страна одлучи да не присуствува на седниците.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова претходно изјави дека претставници на Москва не присуствуваат на седниците на Меѓународниот суд на ОН, „бидејќи прашањето за специјална воена операција во Украина е надвор од нејзина надлежност“.
Веста дека Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, на Твитер ја објави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Русија мора да биде одговорна за манипулирање со приказната за геноцид со цел да се оправда агресијата. Бараме итна одлука на судот, кој и наложува на Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и очекуваме судењето да започне следната недела“, наведе Зеленски.
„Русија мора да биде одговорна за манипулирање со приказната за геноцид со цел да се оправда агресијата. Бараме итна одлука на судот, кој и наложува на Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и очекуваме судењето да започне следната недела“,
наведе Зеленски.