НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири милиони денари за исплата на штети за струмичките земјоделци

0
By Biljana on March 16, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 450 земјоделци во Струмица ќе добијат обештетување за штетите предизвикани врз земјоделските посеви од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека Владата донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година во 35 општини, вклучително и во Струмица. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Обештетни ќе бидат над 9.100 земјоделци. За Струмица по тој основ ќе се исплатат околу 4 милиони денари.

„Ова беа постапки коишто беа заглавени низ административните лавиринти и законските процедури. Ние ги направивме сите напори да го одблокираме целиот процес, земјоделците да бидат обештетени и врз основа на многу анализи, проценки и врз основа на елаборатите од општините, Владата донесе одлука обештетувањето да биде 10% од проценетата штета. Меѓу овие општини е и елаборатот поднесен од општина Струмица. Во Струмица ќе бидат исплатени околу 450 баратели коишто имаат претпрено штети врз земјоделското производство од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година, за што вкупно ќе се исплатат околу 4 милиони денари. Ова е дополнителна поддршка, со којашто решаваме уште еден проблем и на секој можен начин гледаме што повеќе средства од буџетот да стигнат до граѓаните“, изјави министерот Николовски при денешната посета во Струмица .

Николовски посочи дека Владата донела одлука и за исплата на обештетување за штетите од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богаданци. Вкупниот процент за обештетување и за овие 5 општини е 10% од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072 субјекти. Односно, вкупно за овие пет општини ќе се исплатат 41,2 милиони денари.

Согласно двете одлуки за штетите врз земјоделството од елементарните непогоди во 2016, 2017, 2018 и 2021 година ќе се исплатат 4,5 милиони евра.

земјоделци исплата на штети Љупчо Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.