НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска во Тирана: Имаме простор за многу заеднички проекти во културата и во заштитата на Охридскиот регион

0
By Ivana on March 16, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е во дводневна работна посета на Република Албанија, каде што оствари средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити.

Главна тема на разговор  беше работата на Меѓудржавниот комитет за управување со Охридскиот регион, при што во тој контекст стана збор и за формирањето на постојан секретаријат составен од релевантни експерти од двете страни, изработката на заеднички стратегиски план со дефинирани цели, иницијативи и проекти за заштита и рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион како исклучителна вредност.

На средбата се разговараше и за изработката на заедничките извештаи за состојбата со заштитата и напредокот во спроведувањето на препораките на Комитетот за светско наследство и за заедничкото дипломатско делување при организациите на ОН и ЕУ.

Костадиновска-Стојчевска и Маргарити меѓусебно се информираа за реализација на последната фаза од повеќегодишниот сложен процес на реиституција на македонските икони кои се во Албанија, а и ги споделија искуствата околу нормативното уредување во сферата на заштитата на културното наследство.

Министерките на двете земји изразија задоволството од досегашната соработка во културата меѓу двете земји и се согласија дека има простор за уште подлабоко интензивирање на соработката и на индивидуално и на институционално ниво. Особено беше потенциран позитивниот пример на соработка со Музејот на албанската азбука во Битола.

На средбата на која присуствуваше и амбасадорот на Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски, се разговараше  за процесите кои може да се отворат со поголема размена во областа на културата на двете земји со Косово, како и за поефикасно учество и аплицирање на грантовите за култура во програмата Креативна Европа.

Добрата културна соработка се потврди и со отворањето на Македонскиот културно – информативниот центар  во Тирана, каде во текот на годинава со поддршка на Министерството за култура ќе се реализираат повеќе културни настани, промоции на книги,  концерти и  изложби на кои македонските уметници ќе се претстават пред јавноста во Тирана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.