Московскиот суд денеска објави дека и го продолжил притворот на американската кошаркарска ѕвезда со светско реноме, Бритни Гринер до 19 мај, јави руската државна новинска агенција ТАСС.
-Судот го усвои барањето на истрагата и го продолжи периодот на притвор на американската државјанка Гринер до 19 мај, соопштил судот, за ТАСС.
Бритни Гринер како една од најдобрите светски кошаркарки речиси еден месец е во затвор во Русија иако со години го носи дресот на најдобриот европски тим, Екатеринбург.
Во средината на февруари, Гринер била уапсена на московскиот аеродром Шереметјево, откако маслото од хашиш складирано во нејзиниот багаж било складирано во кутии од електронски цигари. Според руските закони ѝ се заканува затворска казна до 15 години.
Гринер е победничка на ВНБА лигата, четири пати ја освојуваше Евролигата со Екатеринбург, а со американската репрезентација обезбеди два златни медали на Олимпијадата.