Девојче од Гостивар било пронајдено удавено во базен во бањата во Долно Косоврасти, потврдија од СВР Охрид.
Несреќата се случила синоќа.
– На 16.03.2022 година околу 20 часот во ОВР Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека, по извршен медицински преглед, не се констатирани траги на насилство. По насока на Јавен обвинител телото на починатото лице било предадено на семејството, велат од полицијата.
Во врска со тоа имало ли обезбедување околу базенот, од полицијата велат дека се утврдуваат причините за несреќниот случај.
Според изјавите на директорот на Општата болница за МИА, Баки Алили, станува збор за осумгодишно девојче, кое во Ургентниот центар во болницата било донесено без знаци на живот.
Тим од лекари специјалисти се обиделе да го реанимираат, но безуспешно
(Љ.Б.)