НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија стравува од „поекстремни“ руски акции во Украина

0
By Mirjana on March 19, 2022 СВЕТ
Photo: The Times
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мировните преговори за ставање крај на украинскиот конфликт би можеле да бидат „димна завеса“ за поекстремни руски воени маневри, предупреди денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во интервју за весникот „Тајмс“.

– Јас сум многу скептична. Она што го видовме е обид да се создаде простор Русите да се прегрупираат. Нивната инвазија не оди според планот. Се плашам дека преговорите се уште еден обид да се создаде диверзија и да се создаде димна завеса. Мислам дека сè уште не сме во точка за преговори, додаде таа.

Таа ги повтори коментарите на британското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да се сврти кон „сè поекстремни акции“, додавајќи дека „веќе сме виделе ужасни злосторства“.

– Кремљ досега не успеа да ги постигне своите првични цели. Беше изненаден од размерите и жестокоста на украинскиот отпор, изјави вчера началникот на британското воено разузнавање Џим Хокенхал, нагласувајќи дека „Русија сега спроведува стратегија на трошење. Ова ќе вклучи непромислена и неселективна употреба на оружена моќ. Ова ќе резултира со зголемени цивилни жртви, уништување на украинската инфраструктура и интензивирање на хуманитарната криза“.

Трас рече дека Британија потенцијално би можела да дејствува како гарант доколку се постигне некакво решение, и дека Путин „не верувал“ оти меѓународната заедница ќе воведе таков обем на санкции.

Британија неодамна беше насочена кон олигарси од висок профил, вклучувајќи го и сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович.

Шефицата на британската дипломатија посочи дека е „исклучително тешко“ да се предвиди укинување на овие санкции, велејќи дека „овие олигарси му овозможија на Владимир Путин да го прави тоа што го прави“.

БРИТАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ СКЕПТИЧНА ЗА МИРОВНИТЕ РУСКО - УКРАИНСКИ преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.