НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина, според Зеленски Ерусалим е вистинското место тоа да се случи

0
By Ivana on March 21, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се очекува денеска да се сретнат делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, јави ДПА. Двата преговарачки тима сакаат дискусиите, што ќе се водат преку видео врска, да започнат утрово. Според Михаило Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски „работните групи од двете страни работат интензивно“.

Последните украинско-руски разговори на високо ниво се одржаа во понеделникот, јави ДПА.

Подолјак предвидува дека разговорите за ставање крај на војната ќе продолжат уште неколку недели. Позицијата на руските преговарачи стана „поразумна“ и пореална, истакна тој, без да даде детали.

Русија сака Украина да остане неутрална земја и да се демилитаризира, како и да ги признае сепаратистичките региони во нејзиниот источен дел како независни држави.

Киев е подготвен на компромис за барањето за неутралност, но инсистира на силни гаранции од Западот за неговата безбедност. Сепак, украинските власти одбиваат да отстапат по прашањето за територијалниот интегритет на земјата, наведува ДПА.

Украинскиот претседател Зеленски инсистира на средба со неговиот руски колега Владимир Путин. Засега Кремљ одбива да ја разгледа таа опција.

Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим.

Зеленски во видео обраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина.

„Веруваме дека разговорите со Русија ќе започнат порано или подоцна, веројатно во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир, ако е можно“, рече Зеленски.

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека во моментов мала е надежта дека преговорите би можеле да донесат окончување на војната во Украина.

Таа смета дека мали се шансите за пресврт.

„Ги поддржавме преговорите што Зеленски се обиде да ги одржи со Русија, велам се обиде затоа што се чини преговорите се еднострани, а Русите не посочија каква било можност за дипломатско решение”, изјави Томас-Гринфилд. Таа тврди дека САД се обиделе да дејствуваат и претходно, но, како што рече, „дипломатските напори не беа добро прифатени од Москва ниту пак сега реагираат”.

„Се надеваме дека напорите на Украина ќе стават крај на бруталната војна”, рече таа.

Истовремено додаде дека извештаите за насилна депортација на илјадници жители од опколениот Мариупол се „вознемирувачки” и „неразумни”, доколку се вистинити.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.