Франција објави дека замрзнала речиси 850 милиони евра руски имот, откако работната група ги идентификуваше клучните личности од списокот објавен од Брисел како резултат на војната во Украина.
„Замрзнавме приватни сметки и кредитни линии во Франција и во француските институции во вредност од 150 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од 539 милиони евра на француска територија, што одговара на околу 30 имоти или станови, и имаме замрзнати две јахти вредни 150 милиони евра“, изјави францускиот министер за финасии.
Покрај тоа, Франција, исто така, замрзна 22 милијарди евра од средствата на руската централна банка, рече тој.
Замрзнувањето на средствата значи дека сопствениците повеќе не можат да ги користат и препродаваат.
Одлуката доаѓа откако Франција го објави формирањето на работна група составена од големи финансиски разузнавачки служби, вклучително и Министерството за финансии и Царината, за брзо да ги идентификува банкарските сметки, луксузните бродови и имотите на Азурниот брег или вилите на Алпите. на клучните руски државјани.
Друга цел на работната група вклучуваше информирање на релевантните финансиски институции и менаџери, вклучувајќи банки, осигурителни фирми, финансиски менаџери, нотари, адвокати и агенти за недвижнини.
На нив е да проверат дали имотот на нивните клиенти е замрзнат, да ги идентификуваат сите засегнати сметки и да преземат активности како што е запирање на продажба на имот доколку е потребно. Тие, исто така, треба да ја предупредат работната група и Министерството за финансии.
Речиси 700 имиња на руски и белоруски поединци и ентитети сега се појавуваат на списокот што го состави Брисел по одлуката на Советот на министрите за спроведување на санкции кон Русија.