НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трансродовите здруженија на нозе – бараат да се врати законот за промена на родот

0
By Mirjana on March 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
По веста дека Владата го повлекла Предлогот на  законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција на ден пред да биде разгледан од собрaниската комисија за политички систем,  националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа прес конференција на која изрази незадоволство заради ваквата одлука  за која сметаат дека се случила во време кога паралелно на медиумите се ширеле голем број лажни вести и се споделувале изјави од политичари кои не се базирале на точни информации.

– Загрижува фактот што најгласните противници на овој закон очигледно го немаат прочитано предлог-законот. Доколку истите го прочитале, одговорите на нивните прашања и дилеми ќе ги нашле токму во предлог законот. Законот гарантира заштита на бракот, вклучувајќи задолжителен развод на брак пред да се бара измена на податокот за пол. Законот изрично вели: уредување на постапката во сите области којшто ќе бидат засегнати од промената на податокот за пол. Дури потоа, на крај, лицето кое што бара промена на податокот за пол потпишува изјава заверена на нотар. Во изјавата лицето јасно укажува дека промената ја прави заради усогласување на родовиот идентитет со ознаката за пол во матична евиденција и дека истата ја дава под морална, кривична и материјална одговорност дека тоа не го прави со цел да избегне договорна, законска или каква било друга обврска.’’ – изјави Наташа Бошкова од НМХТ.

– Кажувањата дека со усвојувањето на предлог-законот се злоупотребуваат законите за извршување на санкции, законите за искористување на правото на пензија не се точни, затоа што самиот предлог-закон има гаранција дека граѓаните кои ќе пристапат до правно признавање на родот  не можат тоа да го злоупотреба велат од НМХТ, од каде нагласуваат дека овој закон во Собрание веќе бил една година и дека воопшто не се одржала јавна расправа на која ќе се посочеле овие аргументи и ќе се одговорело дали овие стравови на пратениците се оправдани или се резултат на длабоко вкоренета трансфобија, велат од НМХТ. 

– Загрижени сме за ширењето на паника дека овој закон може да придонесе до широка злоупотреба, без притоа да се провери праксата во земјите каде овие закони се во сила веќе долго време и каде злоупотреба на правното признавање на родот досега не е утврдена’’ – изјави Лила Милиќ, која нагласи дека анализите спроведени од страна на Европската комисија во земјите кои имаат слични и послободни закони од  овој предлог-закон, покажуваат дека спроведувањето на ваквото законско решение придонесува кон подобрување на пристапот до образование, вработување, домување и здравство на трансродовите луѓе. Анализите потврдуваат дека трансродовите луѓе со усогласени документи многу повеќе го остваруваат својот потенцијал и со тоа позитивно придонесуваат кон развојот на целото општество.

Во меѓувреме,  повеќе од 10 луѓе го имаат променето податокот за пол, односно веќе се спроведуваат процедури врз основа на добиената пресуда во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ,,Икс против Македонија’’.

Од НМХТ велат дека ќе продолжат да бараат правна заштита за овие луѓе во државата и со нови апликации до ЕСЧП, каде што државата ќе продолжи да плаќа и надомест на штета за повредите што им ги прави на овие луѓе со децении наназад. Од сите овие причини, НМХТ бара Законот за матична евиденција повторно да се врати во собраниските процедури и да биде што е можно поскоро усвоен од страна на пратенците. Спроведувањето на овој закон нема буџетски импликации, ниту пак какви било други негативни влијанија за општата јавност. Едноставно, има само позитивни ефекти за трансродовите лица кои сакаат да ги усогласат своите лични документи, што е во насока на стратешките определби на нашата земја да изгради општество еднакво за сите и со развојните политики никој да не биде изоставен.

Како што е познато Владата го повлече Законот за промена на пол во матичните книги. Како образложение се наведува потребата да се доработи.  Сепак, според неофицијалните информации на пратеничките групи и на власта и на опозицијата, пратениците не биле единствени ниту во мнозинството ниту во малцинството, дека ќе го гласаат законот. 

(М.Т.)

 

 

ЗАКОН ЗА ПРОМЕНА НА ПОЛОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.