Published: Saturday, July 18, 2026 21:46
Родителите на починатите во „Пулс“ порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет туку 63 насилно згаснати животи, 218 повредени и болка на целиот град.
Денешната маршута беше порака до институциите кои потфрлиле. Застанаа и пораки испратија пред зградата на Општината, Државниот трудов инспекторат, УЈП, Полицијата и Основниот суд. Предметот „Пулс“ не е само судење, туку испит за правда и доверба во институциите, порачаа родителите на загинатите на 47-тиот Марш за Ангелите во Кочани.
На секоја од институциите залепија и плакати со пораки, но и што требале да направат за да не се случи најголемата трагедија во земјата, во која згаснаа 63 животи над 200 беа повредени.
Првата институција пред која застанаа беше Општина Кочани.




