ЈП Водовод и Канализација известува дека на ден 24.03.2022г, поради промена на два затворачи ф-80 мм на бул. 12-та Македонска Бригада, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Лисиче (бараки). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Ова јавно претпријатие известува и дека, исто така на 24.03.2022г, поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на Михаил и Ефтихиј 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.