НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин веќе ја премина црвената линија, додека Зеленски се покажа како извонреден лидер, изјави Џонскон

0
By Ivana on March 24, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин веќе ја премина црвената линија, изјави британскиот премиер Борис Џонсон кој гостуваше во британското радио пред да замине на самитот во Брисел.

Тој ја коментираше и можноста за воведување санкции за резервите на злато на Русија.

– Целиот свет сега знае дека украинскиот народ ќе се бори за својата земја. Тие веруваат во својата земја. Ја сакаат својата земја и ќе ја бранат до крај. Тоа беше нешто што навистина не го знаевме пред еден месец. Сега е целосно јасно. Тоа ја смени геополитиката. Ова значи дека имаме должност да им помогнеме. Имаме должност да им помогнеме да се заштитат себеси и своите најблиски, рече Џонсон.

Тој додаде дека Велика Британија повторно ја засилува својата помош и покрај досегашните 4.000 противтенковски оружја, ќе испрати „многу повеќе во следните неколку дена, уште 6.000 проектили и повеќе“.

– И она што ќе го кажам денес е дека Путин веќе го премина прагот на варварството во начинот на кој се однесува. Луѓето зборуваат за нови црвени линии за хемиско, биолошко, тактичко нуклеарно оружје или што и да е. За мене црвената линија е веќе помината. Бомбардира, неселективно, цивилни центри. Предизвикува огромен број жртви во сосема невини популации, рече Џонсон и нагласи: Мора да направиме повеќе.

Скај њуз го пренесува истото интервју, но истакнува дека Џонсон го споредил украинскиот претседател Володимир Зеленски со неговиот политички херој Винстон Черчил.

– Мислам дека претседателот Зеленски се покажа како многу извонреден лидер на својот народ – тој го обедини и беше неговиот глас, рече тој.

– Тој знае, како што рече Черчил за себе, дека можеби не бил лав, но ја имаше привилегијата да рика. Украинскиот народ беше лав, а Зеленски ја изрази неговата волја и нивното чувство на пркос, рече Џонсон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

ВЕСТИ August 16, 2025

САД ѝ понудија на Украина безбедносни гаранции слични на оние според Член 5 на НАТО,…

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

August 16, 2025

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.