Полициски службеници вчера го приведоа велешанецот М.З. кој се сомничи дека го ограби магацинот на градинката во Велес. Одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што пишуваше НоваТВ тој на 14.03.2022 влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи. М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката, посочуваат од МВР.