НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И по 18 години од децентрализацијата општините се уште зависници од странска помош

0
By Соња Крамарска on March 24, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
фото архива: од состанок на ЗЕЛС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што беше објавено денеска во резимето на првата фаза од швајцарската програма „Зајакнување на општинските совети“ која во изминатите пет години се спроведе во 24 општини во државата, повеќе од 420 општински советници минале низ 100 обуки за да ги подобрат своите знаења и вештини. Истовремено, сите 1.347 советници во државата добиле можност за дигитално вмрежување, учење од далечина и сертифицирање преку наменска веб платформа изработена во рамки на програмата.

„Би сакал да ја зголемиме ефективноста и автономноста на општинските совети за поуспешно извршување на нашите задачи и улоги. Затоа, треба да развиеме нови вештини, да ги унапредиме нашите знаења од областа на локалната самоуправа, да разменуваме искуства со цел поефективно претставување на граѓанските приоритети и надзор на работата на општините“, рече Трајко Славески, претседател на Комитетот на совети при ЗЕЛС.

Објавено е и дека во сите 24 општини биле имплементирани 33 други проекти, избрани директно од страна на локалните жители. На вкупно 126 форумски сесии учествувале над 8.800 граѓани. Резултатот од овие проекти е подобри услови во 11 градинки и училишта, реконструирана патна инфраструктура во три општини, подобар квалитет на давањето услуги на граѓаните во пет општини, пет нови спортски и рекреативни центри, нови ИТ алатки и опрема во две училишта, и четири проекти со кои се подобрија условите за ранливите групи граѓани и нови младински центри во три општини.

„Главната придобивка на програмата е што помогна да се подобри квалитетот на живот на граѓаните но во исто време воспостави алатки и пракси кои го зајакнуваат капацитетот и на советниците и на општинската администрација“, вели амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман.

Дел од проектот е и снабдување на општините со противпожарни возила чиј недостиг стана очигледен при пожарите што минатото лето ја зафатија земјава.

Во функција на подобрување на транспарентноста на општините, во 18 општински совети се инсталирала и опрема за пренос во живо на седниците на советот, а во останатите шест општини се поставени е-киосци за извршување на локалните услуги, веб апликации за директна комуникација помеѓу граѓаните и советници или за вклучување на граѓаните во процесот на подготовка на општинскиот буџет. Дополнително, изработена е и веб платформа за едноставен и разбирлив приказ на реализацијата на општинските буџети, која во моментов ја користат 40 општини и Градот Скопје.

Вкупниот буџет на програмата „Зајакнување на општинските совети“ изнесува 3,5 милиони швајцарски франци.

Швајцарија, која е меѓу најголемите билатерални партнери на Северна Македонија, ги помага општините и со експертиза, финансирање и друг конструктивен ангажман. (Р.Н.)

 

општини странска помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.