Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прослава и пречек на македонските фудбалери на плоштадот „Македонија“ околу 18.00 часот

0
By НОВА ТВ Balaban on March 25, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
FOTO FFM
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 25, 2022 15:09

Фудбалерите ќе бидат префрлени со автобус директно до плоштадот „Македонија“, поради големиот интерес на навивачите, планирано е околу 18.00 часот фудбалерите да ги поздрават граѓаните, но само накратко, 15 -20 минути. Оттаму одат во хотелски карантин каде бидат се до недела, кога треба да отпатуваат за Порто, потврдија за НоваТВ од Град Скопје.

Македонските фудбалери се очекува да слетаат од Палермо денеска околу 17. 30 часот на скопскиот аеродром, потврди за НоваТВ, Златко Андоновски, портпарол на Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалерите се договориле со селекторот Благоја Милевски веднаш по слетувањето да бидат упатени во хотел, во карантин, но сепак, победниците во сензационалниот меч против Италија, прво ќе се упатат на скопскиот плоштад. 

– Фудбалерите ќе бидат префрлени со автобус директно до плоштадот Македонија, поради големиот интерес на навивачите, планирано е околу 18.00 часот фудбалерите да ги поздрават граѓаните, но само накратко, 15 -20 минути. Оттаму одат во хотелски карантин каде бидат се до недела, кога треба да отпатуваат за Порто, на натпревар со Португалија, потврдија за НоваТВ од Град Скопје.

Синоќа токму на скопскиот плоштад еуфорично беше прославена победата на македонската фудбалска репрезентација, која, еве, по Германија во март минатата година, сега извојува победа и врз уште еден светски првак во фудбал, репрезентацијата на Италија. Победничкиот гол го постигна Александар Трајковски во 92-та минута.

На Македонија со оваа спектакуларна победа уште повеќе ѝ се отвори вратата за пласман на СП во Катар, но за да учествуваме на Мундијалот треба во вторник да ја победиме и репрезентацијата на Португалија.

Натпреварот ќе се игра од 20.45 часот, а португалските медиуми известуваат дека веќе се чека редица за билети за овој решавачки меч кој ќе однесе во Катар една од репрезентациите.

Фудбалерите на Италија, по синоќешниот пораз, ќе паузираат осум години од учество на светски првенства.

FOTO FFM

(Љ.Б.)

Македонските фудбалери плоштадот „Македонија“ пречек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.