НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од Германија: Идентитетските прашања да не бидат вклучени во преговарачката рамка 

0
By Соња Крамарска on March 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во цивилизирана Европа во 21 век – нема место за проблемите кои Бугарија ги отвора за македонскиот јазик и идентитет. Ваква порака испратија германските дипломатки Сузане Шуц и Сабине Штер на панел дебатата денес во Скопје.
Шуц, директорка за земјите од Западен Балкан и Штер директорка за европска политика во германското МНР, во Скопје пристигнаа од Софија и порачаа дека решение на македонско-бугарскиот спор мора да има, но во европски рамки.
– Тука се работи за Европа од 21 век. Прашањата дали зборувате македонски или бугарски или руски или украински, ова  е едно прашање кое што не треба да биде дискурсот кој што го имаме кога зборуваме за демократски земји, рече Сузане Шуц.

Германија, како што беше нагласено, не се откажува да работи на преговорите меѓу Скопје и Софија, но на македонската политичка елита останува тежината да размисли и покаже до каде може да оди во компромисот со Бугарија. Германскиот став е дека не може да се дозволи идентитетските прашања да бидат вклучени во преговарачката рамка.
– Вашата земја, владата и сите проевропски сили треба да донесат одлука до каде може да оди компромисот. Не верувам дека ќе се прави компромис за националниот идентит, меѓутоа може да има компромиси на другите работи во однос на чекорите на пристапување, колку другиот ќе попушти, колку другиот ќе прифати, смета Сабине Штер директорка за европска политика во Министерството за надворешни работи на Германија.

На конференцијата присуствуваше и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер кој подвлече дека е свесен за големиот број критики поради промената на методологијата за проширување на која Париз инсистираше, но дека е направен вистински потег.
– Уверен сум дека методологијата е вистинското решение. Точно е дека сега треба попрецизно да кажуваме како треба да функционира тоа, како се реализира, но едно е јасно, ако процесот не оди добро, нема вистински резултати на терен, вели амбасадорот.

Од македонска страна беше испратена порака дека месец јуни е клучен за датум за преговори на Македонија со ЕУ, а уште едно НЕ од ЕУ ќе придонесе за тешки последици во регионот и дополнително ќе го зголеми и притисокот врз Албанија да бара раздвојување на пакетот.

германско МНР Сузане Шуц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на…

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.