Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека војната во Украина нема брзо да заврши и дека луѓето ќе мора да се подготват за долга борба во наредните месеци.
Тој денеска во Варшава откако се сретна со украински бегалци одржа и говор во Кралскиот замок од каде што порача дека Путин не може да остане на власт, јави СНН.
„Оваа војна е веќе стратешко фијаско за Русија. Путин научи малку од историјата кога го потцени одговорот на Украина. „Нападот на Украина не е потег на голема нација“, рече американскиот претседател.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, му одговори на Бајден, велејќи: „Ова не треба да го решава Бајден. Тоа треба да биде само избор на народот на Руската Федерација“.
Бајден својот говор го почна велејќи дека Украина сега е на првата борбена линија меѓу автократијата и демократијата, оценувајќи ја руската инвазија врз нејзиниот сосед како дел од децениската борба што се водела меѓу Западот и Кремљ.
„Русија ја задави демократијата. Тврдењето на Путин за денацизирање на Украина е лага, тоа е цинизам – и тој тоа го знае. Претседателот Зеленски е демократски избран, тој е Евреин, семејството на неговиот татко беше збришано во нацистичкиот холокауст и Путин има смелост, како и сите автократи пред него, да верува дека тоа што го прави е правилно, додаде Бајден.
Мојата порака до народот на Украина е… Ние сме со вас, порача Бајден во говорот одржан пред Кралскиот замок во Варшава, Полска.