Од пламените јазици и отровните гасови, во болница починал Арбен Мици (26), уапсен за „семејно насилство”, кој, според првичните сознанија од увидот, поради отежната психолошка состојба со запалка ја запалил просторијата во која престојувал.
Инцидент се случил во притворското одделение во полицискиот комесаријат во Камза, општина во Тирана, кога притвореник ја потпалил просторијата во која се наоѓало уште едно притворено лице, јавуваат медиумите во Албанија.
Од пламените јазици и отровните гасови, во болница починал Арбен Мици (26), уапсен за „семејно насилство”, кој, според првичните сознанија од увидот, поради отежната психолошка состојба со запалка ја запалил просторијата во која престојувал.
Повредени, но надвор од животна опасност се и Дилавер Идризи, уапсен за убиство во обид, како и полициски службеник.
Двајца полициски службеници од обезбедувањето во просториите за задржување на приведените се уапсени за „злоупотреба на службена должност” и „непомагање” а уште тројца, меѓу кои раководителот на секторот, се суспендрани и се води истрага на слобода, за неизвршување на овластувања.