Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка од Синдикатот на Клинички на предупредувачкиот протест на гранските синдикати

0
By НОВА ТВ Balaban on March 28, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 28, 2022 11:40

Зголемувањето на минималната плата доведува до групирање на платите околу нејзината вредност. За нормално функционирање на скалата на плати и платните категории износот на минималната плата треба да биде усогласен со износот на останатите плати

Синдикатот на Клинички центар, како грански синдикат за здравство при КСС дава целосна поддршка на предупредувачкиот протест на здружените грански синдикати при КСС, кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во среда со почеток во 15 и 30 часот, а е резултат на покачувањето на минималната плата и примената на Законот за минимална плата, соопштија денеска од Извршниот одбор на Синдикатот на Клинички центар.

– Зголемувањето на минималната плата доведува до групирање на платите околу нејзината вредност. За нормално функционирање на скалата на плати и платните категории износот на минималната плата треба да биде усогласен со износот на останатите плати.

Покачувањето на минималната плата, без скалесто покачување на останатите плати води до нарушување на моделот за организирање на работните места во групи на сложеност и одговорност на работното место, соодветно на степенот на образование и стекнатите вештини.  Овој модел е основниот принцип на кој се базирани колективните договори.

Пресметката на додатоците на плата во износот на минималната нето плата претставува погрешно толкување на Законот за минимална плата и доведува до несоодветно вреднување на трудот во наједноставните работни места со најнизок коефициент на сложеност.

Примената на Законот за минимална плата без усогласеност на минималната плата со останатите плати доведува до несоодветно вреднување на трудот за посложените работни места.

Овие причини создадоа демотивираност, разочараност и револт кај вработените во јавниот и приватниот сектор, се вели во соопштението.

Синдикатот на Клинички центар се надева дека здружените грански синдикати на КСС ќе се изборат во остварувањето на правата на своите членови, коишто им следуваат согласно законите, колективните договори и меѓународното трудово законодавство.

 

 

клинички предупредувачкиот протест Синдикатот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.