НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само сакам да се држиме до тоа што сме го договориле, порача Битиќи

0
By Ivana on March 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само сакам да се држиме до тоа што сме го договориле, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во тв дебатата со синдикалните претставници за скалестото зголемување на платите во јавниот сектор.

Битиќи изрази жалење што за само три недели, откако почна руско-украинскиот конфликт, не важи она околу кое сите страни се согласиле на 23 февруари и веќе се најавуваат штрајкови. Според него, тоа е непочитување на основните принципи на дијалог.

Не може, потенцира вицепремиерот, со една алатка да се решаваат проблемите во целиот јавен сектор.

-За жал, забораваме дека на 23 февруари, кога дојдовме до договор, немаше војна, а пред три недели тоа се случи. Имаме војна, драстично зголемена енергетска криза и драстичен удар на економската страна заради зголемување на цените во прехранбениот сектор, запирање на вредносните ланци во скоро сите сектори и тоа бара прилагодување. За три недели, се што се договоривме одеднаш не доведе во ситуација да штрајкуваме и за нас тоа е навистина зачудувачки зашто само пред 1,5 месец се договоривме дека влегуваме во процесот. Донесовме и одлука дека дијалогот продолжува, но за жал, беше најавено дека на 30-ти ќе има протест, а се договоривме дека дијалогот ќе продолжи во секое министерство и никој не рече дека не сака да преговара, истакна Битиќи.

Како што објасни Битиќи, ако била заедничка констатацијата дека членот 8а дава шест месеци период на усогласување, тогаш минималната плата по новиот Закон се уште не е исплатена.

-Треба пред јавноста да кажеме дека никогаш досега во историјата на државата не се случило да усогласат за еден ден плати во цел јавен сектор дури и кога јавниот сектор бил за 50 отсто помал од овој што е во овој момент, потенцира Битиќи.

Во врска со минималната плата, тој рече дека сегашното решение можеби не е достинствено, но сепак е  максимум што може да се направи.

Синдикалните претставници кои побараа унапредување на социјалниот дијалог, го повикаа да дојде во среда на протестот и да се обрати пред присутните. Трпението, напоменаа, им е при крај, а „со пет проценти покачување на платата не се живее“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.