НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчески го откажа учество на конференцијата за враќање на довербата во судството

0
By Соња Крамарска on March 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mkd.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Никола Тупанчески иако бил планиран како говорник, го откажал учеството на денешната конференција на тема враќање на довербата на јавноста во правосудството.

Од Здружението на млади правници пред малку стаса информација до медиумите дека министерот нема да присуствува на денешната конференција „Унапредување на реформите во правосудството кон враќање на довербата на јавноста во правосудството“ организирана од Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството.

Од Здружението на млади правници велат дека кабинетот на министерот ги информирал дека ќе присуствува на тематска седница на владата, на која ќе се разговара за меѓународна помош, и затоа наместо него учество ќе земе државниот секретар во Министерството за правда.

Тупанчески, заедно со обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Лазар Нанев се најдоа на удар на јавноста откако беше обелоденето дека на сметка на Фудбалската федерација на Македонија летале во Палермо на фудбалскиот меч со Италија, а воедно добиле и гратис влезници во ВИП ложата. Иако тројцата по враќањето тврдеа дека сами го платиле патот до Палермо, од ФФМ рекоа дека биле со чартер авион и дека ФФМ ги покрила трошоците за сите.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата кратко ни рекоа дека се изненадени и шокирани од обидот на Тупанчески, Фетаи и Нанев, лажно да ги прикажат состојбите и дека ќе ги разгледаат можностите на ДКСК да интервенира. ДКСК ги повика уште веднаш тројцата да дадат изјави кој им ги покрил трошоците, но досега тие не го сторија тоа.

Во Кодексот за етика на судиите се вели дека не смеат да примаат протоколарни подароци чија вредност надминува 3.000 денари. Се додава и дека судијата е должен во вршењето на судиската функција и активности надвор од судот да развива стандарди на однесување кои придонесуваат за зачувување на угледот и достоинството на судот и судиската професија. Дел од Кодексот е и правилото дека судијата не може да го користи на угледот на судската професија за остварување или унапредување на своите приватни интереси.

Во етичкиот кодекс на обвинителите, пак, се вели дека тие не смеат да имаат непримерни врски со законодавната и извршната власт и дека  не смеат да ја користат својата службена положба и углед заради остварување на имотна и друга корист и не смеат да примаат подароци и бесплатни услуги, ако со тоа може да ја доведат во прашање нивната непристрасност и објективност.  Се додава и дека јавните обвинители се должни да внимаваат на своето однесување на јавните места и однесувањето воопшто, за да не нанесат штета на угледот на јавното обвинителсто или на јавнообвинителската функција.

И Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата забранува носителите на извршни функции при вршењето на функциите и должностите да примаат подароци, освен во случаите, во износ и на начин утврдени со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Фетаи и Нанев и денеска се на фудбалскиот меч со Португалија, кој вечерва се игра во Порто. (С.К.)

 

 

 

 

Никола Тупанчески Палермо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.