НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правата на граѓаните најмногу се прекршуваат во правосудството и во потрошувачката

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните минатата година најмногу се жалеле и барале заштита на своите права во  областа на правосудството, потоа детските права, а на трето место се потрошувачките права, вели народниот правобранител, Насер Зибери кој го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедување почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година.

Народниот правобранител, минатата година добил 2. 686 претставки, 389 предмети биле пренесени од претходната година, односно, бројот на предмети кои ги разгледувала оваа институција во 2021 година изнесувал 3. 075.

– Најголемиот број на примените претставки се однесуваа за заштита на правата од областа на правосудството 436 што претставува 16,23 отсто од претставките, потоа следат претставките од областа на детските права 254 или 9,46 проценти, на трето место се потрошувачките права 228 или 8,49 отсто. Во областа работни односи беа поднесени 218 или 8,12 проценти, во социјалната заштита 183, односно 6,81 отсто, за казнено-поправните и воспитно-поправните установи 162 или 6,03 проценти, за имотно-правната област 150 или 5,58 отсто, за урбанизмот и градбата 136 или 5,06 проценти, како и претставки од други области, рече Зибери.

Од вкупно 3. 075 предмети, примени во 2021 година, Народниот правобранител покренал постапка по 2. 085 или 67,80 отсто од претставките, од нив, во 755 или 35,82 проценти констатирал повреда на човековите слободи и права.

До Народниот правобранител биле поднесени и голем број на претставки од областа работни односи, а кои се однесувале на претставки за неоснованото поведување на дисциплинска постапка, право на годишен одмор, распоредување на пониско работно место, непочитување на законските одредби при унапредување и слично, потоа претставки за заглавени предмети за денационализација на релација комисии Управен суд, како и за работата на полицијата, посебно во сегментот на расветлување на кражби на подрачјето на полициските станици Центар и Бит Пазар.

Од вкупно 755 предмети во кои Народниот правобранител утврдил повреди и ги презеде сите законски дејствија, во 500 или 66,23 проценти случаи органите на државната управа, другите органи и организации со јавни овластувања ги прифатиле интервенциите на Народниот правобранител.

Детски права Насер Зибери Потрошувачка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.