Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпишување договор за безбедносни гаранции за Украина е можно по повлекување на руските трупи

0
By Ivana on March 30, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 30, 2022 09:12

Потпишување договор за безбедносни гаранции за Украина е можно дури откако руските војници ќе се вратат на своите позиции од 23 февруари 2022 година. Тоа го изјави постојаниот претставник на Украина во Советот за безбедност на ОН, Сергеј Кислица.

Кислица нагласи дека страните во руско-украинските разговори ќе ги продолжат консултациите за подготовка на договор за безбедносни гаранции за Украина. Тој појасни дека станува збор за „механизам за воведување прекин на огнот, повлекување на војниците и другите вооружени формации, трајно безбедно функционирање на хуманитарните коридори, како и размена на жртви, ослободување воени заробеници и цивили“.

– Потпишувањето договор за безбедносна гаранција ќе биде можно само откако сите руски вооружени групи ќе се вратат на своите позиции од 23 февруари 2022 година, нагласи украинскиот постојан претставник во ОН.

Според Кислица, прекинот на огнот и деескалацијата во Украина нема да се случат наскоро.

– Разговорите во Истанбул покажуваат дека Русија можеби е подготвена да оди напред, но има уште долг пат пред одржлив прекин на огнот и севкупна деескалација“, рече тој.

Преговорите меѓу делегациите на Москва и Киев за ситуацијата во Украина продолжија вчера во Истанбул.

Шефот на руската делегација, Владимир Медински, по средбата изјави дека Русија добила писмени предлози од Украина за договор меѓу двете земји. Откако ќе ги разгледа тие иницијативи, Москва се очекува да претстави контрапредлози.

Дополнително, Москва прави „два чекори“ кон Киев, со предлог средбата на претседателите Путин и Зеленски да се одржи порано од планираното – истовремено со парафирање мировен договор на ниво на министерства за надворешни работи, а за тоа Русија ќе ја намали воената активност во областите околу Киев и Чернигов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.