НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК гонела 753 функционери поради ненавремено поднесување на анкетни листови

0
By Соња Крамарска on March 30, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупција во 2021 година оформила 753 предмети против политички и други функционери кои се обврзани да доставуваат анкетни листови за нивната имотна состојба. Предметите се оформени бидејќи тие не доставиле навреме или воопшто не приложиле податоци за имотната состојба на почеток на мандатот и по завршувањето на мандатот.

Податоците беа соопштени на денешната седница на Комисијата која беше отворена за медиумите.

Во врска со тоа Државната комисија за спречување на корупцијата издала 85 прекршочни глоби. Исто така поради сомневање во точноста на приложените податоци во анкетните листови биле проверени податоците што ги дале 15 членови на Владата за кои Комисијата имала оправдани причини да изврши проверка. Такви проверки се вршени и за судии, градоначалници и претседатели на управни одбори.

Согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси секое избрано и именувано лице е должно во рок од 30 дена по преземање на функцијата до Државната комисија за спречување на корупцијата да поднесе образец за имотна состојба – Анкетен лист. Посебен образец се поднесува и за промена во имотната состојба. Овој образец се пополнува, доколку избраното  или именуваното лице веќе има поднесено образец за својата имотна состојба и притоа има промена во истата во вредност од 20 просечни плати во претходниот тримесечен период. Анкетниот лист се поднесува до Државната комисија за спречување на корупција како и до Управата за јавни приходи.

Функционерите се должни да поднесат податоци за имотната состојба и по завршувањето на нивните мандати, за да се види евентуалната разлика која настанала за време на вршењето на функцијата.

 

 

 

анкетни листови ДКСК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.