НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе секнат испораките на нафта за НИС од Јадранскиот нафтовод, реакција од Србија

0
By НОВА ТВ Balaban on March 30, 2022 РЕГИОН
Фото: sunsirs.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се проценува дека Србија тешко ќе се снајде доколку до 15 мај не се прекине војната во Украина, бидејќи домашното производство на нафта е околу 800.000 тони, а нафтата од наоѓалиштата во Романија од околу 56.000 тони не е доволна за покривање на домашните потреби.

Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) најави дека во санкциите воведени кон Русија е вклучен и договорот за транспорт на сурова нафта склучен со Нафтената индустрија на Србија, со што најави прекин на испораките на нафта за Нафтената индустрија на Србија (НИС), јави дописникот на МИА од Белград.

Доколку тоа се случи, рафинеријата во Панчево нема да може да продолжи со работа, а ќе престане да работи и Петрохемија.

ЈАНАФ и НИС имаат договор кој важи до 31 декември 2022 година, со кој транспортните капацитети на Јанаф се резервирани по принципот „полно за празно“ со вкупна количина од 3,2 милиони тони (плус/минус десет отсто).

Доколку не дојде до промени, договорот нема да може да се применува од 15 мај 2022 година до укинување на рестриктивните мерки, кои се пропишани со Уредбата на Советот на ЕУ, поради војната во Украина.

НИС е во мнозинска сопственост на руски Газпромњефт, кој поседува 56,15 отсто од акциите, додека Србија има 29,87 отсто од акциите, а малите акционери 13,98 отсто од акциите.

Се проценува дека Србија тешко ќе се снајде доколку до 15 мај не се прекине војната во Украина, бидејќи домашното производство на нафта е околу 800.000 тони, а нафтата од наоѓалиштата во Романија од околу 56.000 тони не е доволна за покривање на домашните потреби.

НИС покрива 70% од српскиот пазар за нафтени деривати.

На оваа најава на ЈАНАФ реагираше Министерството за рударство и енергетика на Србија кое соопшти дека „обезбедувањето стабилно снабдување со нафтени деривати е приоритет на Министерството, кое ги анализира сите варијанти и решенија за сигурно снабдување на домашниот пазар во случај на прекин на снабдувањето со сурова нафта на НИС од Јадранскиот гасовод  ЈАНАФ“.

-Во моментов се анализираат можните патишта за снабдување со сурова нафта и нафтени деривати од терминалите и рафинериите во регионот, како и расположливите правни, деловни, логистички и технички можности за увоз на сурова нафта и деривати, вклучително и преку цевковод, железница, цистерни и речниот транспорт.

Се разгледуваат и ефектите од промените во начинот на снабдување врз работата на домашните рафинериски капацитети, можностите за користење домашна нафта и зголемување на резервите на нафта и деривати во складиштата, со цел соодветно да се одговори на евентуалните прекини на испорака од нафтоводот ЈАНАФ, соопшти Министерството за рударство и енергетика.

Транспортот на сурова нафта до Србија се врши првенствено по цевковод, односно преку нафтоводот ЈАНАФ, кој го поврзува пристаништето Омишаљ со транспортниот систем на јавното претпријатие Транснафта, од каде што се транспортира до рафинериите во Нови Сад и Панчево.

МИА

испораките нафта НИС Србија Ќе секнат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.