Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За 25 отсто повеќе плаќања со платежни картички, во оптек се над 2,1 милион картички

0
By НОВА ТВ Balaban on March 31, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2022 13:46

За извршување на електронските плаќања, висок годишен раст од 26% се забележува кај употребата на мобилните апликации од страна на граѓаните, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање

Дигиталната револуција во плаќањата, којашто како тренд започна поодамна кај нас, а се засили во периодот на пандемијата на ковид-19, несомнено ги менува платежните навики и влијае врз културата на плаќањата. Имено, граѓаните, и во последниот квартал од 2021 година ги користеа придобивките и удобноста коишто ги нудат дигиталните канали на плаќањата, како и воспоставената инфраструктура за извршување на плаќањата, информираат од Народната банка на Р.С. Македонија.

Со 2,1 милион платежни картички коишто биле во циркулација на крајот од 2021 година, од коишто 68% независно од брендот и функцијата, се картички засновани на бесконтактна технологија, граѓаните во земјата можеле на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата на солидна инфраструктура составена од 30.061 уред на физичките места на продажба во земјата, од кои дури 84% ја поддржувале бесконтактната технологија. Притоа, бројот на картички заснован на бесконтактна технологија забележа годишен раст од 10%, при истовремен годишен раст од 7% и на уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат бесконтакната технологија.

Плаќањата на граѓаните со платежните картички во трговијата во земјата во четвртиот квартал од 2021 година забележаа висок годишен раст од 25% кај бројот и 21% кај вредноста на остварените трансакции. Истовремено, висок годишен раст на бројот и на вредноста на трансакциите од 21% и 33%, соодветно, е забележан и кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози). Иако граѓаните сѐ уште ги иницираат плаќањата со кредитни трансфери претежно на шалтерите на банките (69%), постепената промена на навиките со користење на придобивките од електронското банкарство е видлива и во последниот квартал од годината со висок годишен раст од 10% кај бројот и 23% кај вредноста на плаќањата иницирани електронски. За извршување на електронските плаќања, висок годишен раст од 26% се забележува кај употребата на мобилните апликации од страна на граѓаните, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање. 

Менувањето на навиките на граѓаните придонесе за висок годишен раст од 25% на нивните плаќања со платежни картички во трговијата, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат, во текот на целата 2021 година.

Во прекуграничен контекст на извршување на плаќањата со платежни картички, во текот на 2021 година со употреба на платежни картички издадени во земјата на уредите лоцирани во странство се остварени 8,8 милиони трансакции, што претставува висок годишен раст од 56% во значителен дел како резултат на олеснетите мерки за прекугранично движење на граѓаните во услови на пандемија. Најголем дел од овие трансакции се направени во земјите од регионот ‒ Србија и Грција. Во однос на интернет-трговијата, најголемиот број трансакции на виртуелните места на продажба се извршени во Луксембург и САД. Со странските платежни картички во текот на 2021 година се остварени 8,1 милион трансакции во нашата земја, што како резултат на олеснување на мерките за влез во државата бележи висок годишен раст од 83%. Најголемиот број од трансакциите на уреди на физичките и виртуелните места на продажба се остварени со картичките издадени од САД и Обединетото Кралство.

За прифаќањето на платежните картички како дигитален начин за извршување на плаќањата, согласно со најновите податоци за 2021 година, просечниот надоместок којшто прифаќачите на платежните картички (банките и другите финансиски институции) го наплатиле од трговците изнесува 1,19% од вредноста на прометот и тој забележа намалување за 0,02 п.п., во споредба со 2020 година. Намалувањето на просечниот надоместок е пред сѐ резултат на намалувањето на надоместокот за 0,18 п.п. за плаќањата кај државните институции, понатаму 0,14 п.п. кај трговците со прехранбените производи, 0,13 п.п. кај бензинските станици и 0,12 п.п. во трговијата со текстил.

НБМ платежни картички плаќањата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

ВЕСТИ July 29, 2026

Северна Македонија и официјално останува заглавена на самото дно во Европа. Најновите податоци на Евростат…

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

July 26, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.