Пожарот е настанат од запалено ѓубре во близина на објектот коешто, поради брзината на ветерот, се проширил и на магацинот во кој се складирани пластика и детски играчки
Пожар во магацин со детски играчки во близина на штипската приградска населба Три Чешми бил пријавен денеска околу пладне во противпожарната служба.
Гаснењето на огнената стихија го отежнува силниот ветер, а пожарот започнал од запалено ѓубре надвор. На терен се четири пожарникарски возила од ТППЕ Штип со 15 пожарникари, а помош е побарана од Свети Николе и Кочани.
– Пожарот тешко се гасне поради силниот ветер, но пожарникарите очекуваат дека побрзо ќе го ликвидираат, откако ќе пристигнат нивите колеги од соседните градови. Пожарот е настанат од запалено ѓубре во близина на објектот коешто, поради брзината на ветерот, се проширил и на магацинот во кој се складирани пластика и детски играчки. Се проценува дека штетата е огромна, но таа дополнително ќе се утврдува. Нема повредени во пожарот, изјави командирот на ТППЕ –Штип, Дарко Коцев.