Мексиканските власти ќе уништат половина милион пилиња поради опасност од ширење на вирусот на птичји грип Х7Н3 во централната сојузна држава Гуанахуато, соопшти Би-Би-Си.
Компанијата за производство за пилешко месо „Бачоко“ пред неклку дена пријавила опасност од постоење на слуачи на грипот тип Х7Н3 на пет фарми, што Министерството за земјоделство вчера го потврди.
Властите во Мексико преземаа превентивни мерки и проверки на околните фарми за откривање евентуално ширење на грипот.
Минатата година во мексиканската сојузна држава Халиско беа заклани 22 милиони кокошки поради епидемија на птичји грип.