НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвениот крст не стигна до Мариупол ниту го олесни безбедното минување на цивилите

0
By Ivana on April 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црвениот крст соопшти дека тимот што го испратил за да ја олесни евакуацијата на илјадници цивили од Мариупол денеска бил принуден да се врати во Запорожје затоа што било невозможно да се продолжи со операцијата.

– Тимот на МКЦК, кој се состои од три возила и девет лица, денеска не стигна до Мариупол ниту го олесни безбедното минување на цивилите, се вели во соопштението на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Црвениот крст додава дека неговите припадници утре повторно ќе се обидат да го олеснат безбедното евакуирање на цивилите од Мариупол.

Десетици илјади цивили би можеле да бидат спасени од Мариупол доколку бидат успешно евакуирани со конвој автобуси кои се движат кон опколениот град, соопшти вчера Црвениот крст.

Руското Министерство за одбрана вети дека ќе ги запре нападите за да им се дозволи на цивилите да го напуштат градот, а норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе рече дека рускиот претседател Владимир Путин му ветил дека пристапот до градот ќе биде дозволен за хуманитарниот конвој.

Во последните недели илјадници цивили успеаја да побегнат од разурнатиот град, но Украина соопшти дека голем број луѓе кои се обидувале да побегнат биле нападнати од руската војска.

Се проценува дека околу 170.000 цивили останале во нечовечките услови во Мариупол. Поради руските напади со недели нема струја, вода, греење, а и храната и водата се при крај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.