НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Галерија) Со свечено дефиле одбележан Денот на Првата пешадиска бригада

0
By Biljana on April 2, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец беше одбележан Денот на најголемата борбена единица во Армијата – Првата пешадиска бригада.

„Во оваа најголема армиска единица рамо до рамо различни, а единствени Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи ги покажувате својата стручност и своите највисоки способности и докажувате дека мултиетничноста е предност на нашата држава“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска обраќајки им се на припадниците на бригадата.

Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини во своето обраќање истакна дека од самиот почеток, развојот на бригадата ја одразува трансформацијата на нашата одбранбено-безбедносна заедница.

„Во континуитет работевме на подобрување на способностите и вештините на нашите состави од областа на операции и борбена готовност. Тој континуитет се должи на растот на процентот на издвоени финансиски средства кои се вложија за модернизација и опремување на Армијата согласно долгорочниот план за развој и модернизација. Како резултат на тој процес нашиот статус на подготвеност е значително зголемен и подобрен“, потенцира Емини и додава дека клучен приоритет мора да биде одржување на борбената готовност како дел од најголемиот сојуз во светот НАТО.

Командантот на бригадата, полковник Сашко Лафчиски посочи дека се исклучително и безрезервно посветени кон исполнување на зададените НАТО цели на способности.

 

На воената свеченост беше прогласена најдобрата единица од составот на бригадата, се доделија стимулативни мерки и награди и се изведе кратка културно-забавна точка. На крајот од свеченоста единиците од составот на бригадата изведоа свечено дефиле.

Првата пешадиска бригада го одбележува 2 април, како датум кога пред десет години оваа единица ги презема задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица со застапеност од повеќе армиски родови.

Северна Македонија минатата недела одбележа две години од членството на во НАТО. Оваа пролет на полигонот Криволак ќе се одржи најголемата вежба во земјава, вежбата „Свифт риспонс“ со над четири илјади учесници од осум НАТО земји – САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Грција, Црна Гора, Албанија и нашата држава.

Армијата Прва пешадиска бригада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.