Извршниот директор на „Тесла“ Илон Маск , купи 9,2 отсто од акциите на социјалната мрежа Твитер , објави американската комисија за хартии од вредност (SEC).
Оваа вест предизвика експресно покачување на цените на акциите на Твитер за околу 25% на Вол Стрит на тргувањето пред официјалното отворање на берзата, јавува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
Маск на 14 март купил 73.486.938 акции на Твитер ,велат податоците на американската комисија за хартии од вредност , а тој удел на завршницата од тргувањето во петокот, бил со вредност од 2,89 милијарди долари.