НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дендиас: Грција ќе биде дел од обновата на Одеса, нападот врз еден град е воено злосторство

0
By НОВА ТВ Balaban on April 4, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дендиас вчера ја предводеше хуманитарната помош од Грција за Одеса, оттаму соопшти дека повторно ќе започне со работа грчкиот конзулат во градот, а освен со Стефанишина се сретна и со началникот на регионалната воена управа на Одеса, полковник Максим Марченко

Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, на средбата во Одеса со вицепремиерката за европска и евро-атлантска интеграција на Украина Олга Стефанишина и ѝ ја изрази поддршката на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас вчера ја предводеше хуманитарната помош од Грција за Одеса, оттаму соопшти дека повторно ќе започне со работа грчкиот конзулат во градот, а освен со Стефанишина се сретна и со началникот на регионалната воена управа на Одеса, полковник Максим Марченко.

– Според нас, нападот врз еден град е најнеприфатливото нешто, тоа е воено злосторство. На Советот на министри на Европската унија ќе го пренесам она што треба да се пренесе. Ги видов, заедно со градоначалникот, подготовките што се направени за да не се уништи културната традиција на градот. Се надевам, кога ќе дојдам повторно, градот да биде добро, да нема претрпено ниту најмал удар и дека ќе можеме да му помогнеме да има светла иднина, бидејќи има светло минато, рече министерот за надворешни работи на Грција на средбата со Марченко на кој му ја предаде хуманитарната помош.

За посетата на Дендиас на Одеса, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „целта на посетата, покрај пренесување помош, беше и создавање постојан механизам за дистрибуција на хуманитарна помош, средба со припадниците на грчката заедница и повторно отворање на Генералниот конзулат во градот“.

Никос Дендиас Обнова Одеса
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.