НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчески, Грковска и шефицата на ДКСК Ивановска заедно на конференција против корупцијата, додека отчетот за Палермо се уште „патува“

0
By Соња Крамарска on April 5, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За ефикасна борба против корупцијата, освен законската рамка, е неопходно нејзина доследна примена преку ефикасен систем кој нема да зависи од човечки фактор или гарнитура на власт туку ќе функционира транспратентно и ефикасно, како и поединечна посветеност на сите институции влучени во системот за борба против корупцијата, но и нивна меѓусебна соработка, порачаа учесниците на Националната работилница за имплементација на Конвенцијата на ОН против корупција. На конференцијата учестуваа и вицепремиерката Славица Грковска, министерот за правда Никола Тупанчески како и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Вицепремиерката Славица Грковска на конференцијата истакна дека „треба да се работи на воспоставување систем за борба против корупцијата кој ќе функционира професионално, транспарентно и ефикасно, без да биде зависен од тоа која политичка гарнитура е на власт и од човечкиот фактор, туку од правилата и прописите.

„Тоа единствено е можно доколку има одлична соработка меѓу сите институции кои се во ланецот задолжен за сузбивање и санкционирање на сите оние кои го прекршуваат законот почнувајќи од ДКСК, МВР, финансиска полиција, обвинителство, судство… Доколу само една од овие институции во тој ланец не функционира како што треба, тогаш сигурна сум дека ефикасноста во сузбивањето на сите негативни појави во нашето општество нема да биде потполно“, рече Грковска.

Во меѓувреме јавноста се уште чека епилог од случајот Палермо, во врска со што кабинетот на вицепремиерката Грковска задолжена за добро владеење, најави дека побарал од министерот за правда Тупанчески да ги достави сметките за плаќањата кои што тој тврди дека ги направил од сопствен џеб, како одговор на реакциите дека ја искористил министерката позиција за лична корист.

Иако Тупанчески во неколку наврати тврдеше дека сите плаќање биле од негова лична сметка, тој денеска за А1он го изјави спротивното.

„Чартер летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што, и да сакате да биде вклучен чартер летот, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето. Начинот или селекцијата на луѓето кои што патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата. Дури морам да ви кажам дека и овој дел кој што е платен, е платен на мое инсистирање бидејќи мислев дека така треба да биде“, вели Тупанчески за „А1он“.
На посочувањето дека ова значи дека не ја платил ниту ВИП-картата и ја добил на подарок, тој за „А1он“ рече: „Ајде уште еднаш, зборуваме за процедура која што однапред е утврдена од страна на Фудбалската федерација. Тие имаат клуч на кој начин што ги добиваат. Картата која јас ја имав добиено гласи на мое име и е 00 евра. Дали ме разбирате? Практично и да сакате, има и за тоа доказ, дека практично картата е без цена“.
Прашан која е цената на летот, бидејќи ја цената на картата, рече: „Цената на летот, тоа беше чартер лет, организиран за сите гости на Фудбалската федерација, кои што беа“.

Од давачки за патувањето, платил аранжман на агенцијата „Гуливер“ исто како и обвинителката Фатиме Фетаи. Не ја покажа фактурата, ниту доказ за исплатата, но тврди дека ја подмирил на 28. март, односно изби аферата за него и се врати од Палермо.
„Фактурата е подмирена. Ја достави агенцијата која го организираше патувањето. Фактурата е подмирена во рокот кога е дадена за подмирување. Дадена е пред патувањето, подмирена е во рокот кој е наведен во фактурата. Нека биде ексклузивно тоа на 24. е доставена пред натпреварот, а тој беше на 25. Подмирена е на 28. а рокот е до наредниот четврток“, рече Тупанчески за „А1он“.
Тупанчески рече и дека „сите информации кои што треба да бидат доставени до институциите кај што треба, веќе се доставени“. И покрај ова признание, дека не го платил летот, ниту картата, тој тврди дека не го прекршил Етичкиот кодекс. (С.К.)

 

 

 

 

Никола Тупанчески Палермо Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.