НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бегајќи од едно наидуваат на друго зло – Украинките изложени на непристојни сексистички понуди од мажи

0
By Mirjana on April 5, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Триесетгодишната Јулија Скубенко барајќи сместување во Велика Британија како бегалец од налетот на воениот виор во сопствената земја, Украина, се соочила  со непристојни понуди  од мажи кои за кусо време и го преплавиле нејзиното сандаче на фејсбук.

Нејзината молба  до британската јавност била очајна , барала да и обезбедат безбедно засолниште но наместо тоа била дочекана со низа непријатни одговори и предлози претежно од мажи.

Јулија водела успешна компанија за чистење во Киев и во објавата за сопственото искуство со барањето сместување, напишала потресна информација  во која се обраќа на група од 18 000 илјади луѓе на социјалните мрежи.

Покрај фотографијата на која се насмевнува, бизнисменката објаснила дека никогаш не очекувала дека ќе биде „присилена да се пресели во Англија“.

Но, очајната Украинка признала дека сега „мора да почне од почеток“, уверувајќи ги потенцијалните домаќини дека ќе „застане на нозе“ што е можно побрзо.

Јулија, која се преселила во главниот град на нејзината земја разурната од војна од сиромашно село, додала линкови до нејзините профили на социјалните мрежи, како и нејзиниот мобилен број.

Сепак, нејзината искрена молба била оневозможена од голем број  самци кои и понудиле соба – а некои ја замолиле за „брак“.

Таа за Дејли Мејл изјавила дека го известила еден маж дека ја интересираат само домови со други жени кои живеат таму – кога тој дури и вознемирувачки јасно и ги кажал своите задни намери.

Јулија тврди дека тој одговорил: „ Штета, можевме да основаме семејство“.

Друг „натрапник“ се пофалил дека поседува нафтена компанија и банка пред да и понуди да ја вработи како негов „асистент“.

30-годишната девојка вели дека се борела да верува дека мажите „пишуваат од сочувство“ но и дека е загрижена од можноста Украинките да бидат искористени бидејќи немаат друга опција.

Јулија рече: „Загрижена сум за девојките од мојата земја“.

Но на крајот, таа конечно пронашла нормална личност која не го злоупотребувала моментот, но откако поминала низ огромниот наплив на чудни и несвојствени пораки споредбено со содржината  на нејзината објава.

Таа стравува дека визната шема на британската влада би можела да стане „Тinder за сексуалните трговци“ и „Трговците со бело робје“.

Виш работник во советот открил, пишува „Сан“ дека повеќе од ¼  од 40-те совпаѓања што се усвоени од Министерството за внатрешни работи се  мажи на возраст над 50 години и жени во дваесеттите или раните триесетти години.

„Свиркач“ изразил загриженост дека недостатокот на заштитни мерки може да резултира со „масовни случаи на злоупотреба“ на жените бегалци од Украина.

Се смета дека околу 1.000 бегалци биле спарени според комплицираната шема на Владата „Домови за Украина“, од одделот за израмнување управуван од Мајкл Гов.

Но, Лабуристката Лиза Нанди, остро ја критикувала експлоататорската поставеност на системот.

Таа рече: „Мајкл Гов  создаде Тиндер за бегалци, барајќи од очајните луѓе да „повлечат надесно“ за да најдат засолниште.

„Ова е сериозна хуманитарна криза, а не онлајн запознавање. Владата треба да преземе одговорност, рече таа.

Добротворните организации велат дека доцнењата и купиштата документи што ги бараат Британците, овие луѓе ги носат право во рацете на криминалците.

се соочуваат со непристојни предлози од мажи на социјалните мрежи украинските жени бегалки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.